Monday, March 2, 2020

Редена салата

За една средна стаклена тепсија е потребно:
1/2 кг компир,
1/2 кг морков,
5 јајца,
1 /2 тегла кисели краставички, 400 гр кисела павлака, 400 гр мајонез и
сирење.

Се варат лупени морков и компир на пареа.(Морковот побрзо омекнува и добро е да се извади порано). 
Се варат и јајцата (може и тие на пареа).
Се прави премаз од мешавина од павлака и мајонез.
Прв ред се прави со рендан компир па премаз.
Втор ред рендан компир па премаз.
Трет ред сирење па премаз.
Четврт ред краставички (во блендер ) па премаз.
Најгоре јајца ( на блендер). 
Од вечер се прави за да се стегне за другиот ден.


Tuesday, December 19, 2017

Хумус

250 гр наут,2-3 лажици таан,
1/2 главица лук (може и помалку),
2 лимони,
1 лажиче сол,маслиново масло,1-2 лажички мед,куркума.

Наутот се кисне од вечер.Потоа се вари да омекне и се пасира.
Таанот се раствора во сокот од лимонот и се додава во наутот.
Тука се додаваат и другите состојки и се меша убаво.

Saturday, October 16, 2010

Пинџур

1 кг печен пипер (може и 3 лути),се лупи и толчи па се меша со
3 варени или печени црвени патлиџани,
(Може 1 печен модар патлиџан),
3-4 чешниња лук (толчен)
100 гр врел зејтин.

Со ваква смеса може да се полнат тегли кои се затвораат
и стерилизираат така што се ставаат во тенџере во кое се
 става  вода и се загрева да  вријат околу 1/2 саат,
 а може и во рерна (во тепсија со вода) на потивко да повријат.

Friday, August 6, 2010

Салата Фани

3 јајца варени,
4-5 моркови варени и сецкани,
100-150 гр сирење рендано,
250 гр макарончиња варени,
100 гр толчени ореви,
1 китка магдонос,
1-2 чешниња лук (се толчи со оревите) и
 сол.
Со павлака и мајонез се изедначува.

Резанец

400 гр сол ситна,јодирана за 30 кг сецкана зелка.

Сецкај зелка,реди во буре,посоли со рака,
притисни со шише од пиво на пр. и така
повторувај до крај.

Friday, April 9, 2010

Ќофтиња киснати

300 гр мелено месо (мешано)
3 јајца
4 лажици брашно
1 пециво
1 чаша од кафе кисела вода
1-2 главици кромид
вегета, магдонос,сол црн пипер,лук по желба.

Со мешање на наведените состојки се прави смеса
која се става 2 саати во фрижидер а потоа се црпи со лажичка
и се пржат ќофтиња во врел зејтин.
( излегуваат околу 60 ќофтиња)

Пилешка салата

Се варат 2 пилешки грба, 2 батака
во вода во која се додава сол.Се сецкаат.
Се додава 2 тегли сецкани печурки шампињони ,
малку мајонез и повеќе павлака,бибер  или слично.