Saturday, November 21, 2009

Руска салата

Се варат и сецкаат:
компири,моркови (може на пареа)
Се додава:сецкани кисели краставички,
сецкана шункова салама,
сецкан кашкавал
обарен грашок
1 лажица сенф
мајонез,бибер,сол

Сардини или папалини

2 кг сардини или папалини (морски) се чистат од внатре и им се вадат главите.

 1 шоља кафена зејтин ,

1 шоља (150 мл) вински оцет,

1 шоља бело вино, 

10 зрна бибер,

5 листа лорбер. 

 Се мијат во цедалка и редат: ред риби во големо тенџере, се посолува ,потура со зејтин,бело вино,оцет,пак ред риби и .т.н .

Се става на 1,5 да зоврие а потоа се намалува и врие 2 саати.

Салата со урда

1 кг урда ,
1 тегла кисели краставички,
300 гр шункова салама,
1 помала главица стар лук,
3 големи лажици павлака,
3 големи лажици мајонез,
1 голема лажица буковец,
100 гр сецкани ореви,
3 варени јајца,
се сецкаат , мешаат и се јадат

Мексиканска салатка

Смрзнати пченка и морков се обаруваат
Се ставаат во цедалка и се преливаат со ладна вода
Се додаваат сецкани феферони,
зачинет кечап,
сецкани ореви,
нане ,оригано ,сол и зејтин

Салата со компири и моркови

Се вари компир и сецка.
Се ренда варен морков.
Се додава и малку обарен и сецкан кромид.
Кромидот се сецка,меша со сол и други зачини
(бибер, оригано, оцет, зејтин,рузмарин ,магдонос ,лукче рендано и др по желба)
и се додава на сецканиот компир додека е врел.

Tuesday, November 3, 2009

Салата со урда и праз

4 струка сецкан праз
400 гр урда
400 гр салама шунка
мала тегла мајонез
1 павлака

Салата со макарони

1/2 кг ситни макарони се варат ,се цедат и се мијат со ладна вода
500 гр салама шункова
300 гр кашкавал
3 тврдо варени јајца
3/4 кг кисели краставички
мајонез мала тегла
2 кисели павлаки
1 лажица сенф
бибер, сол по вкус

Салата Елена

Се мати 1 маргарин и се додава
700 гр рендано сирење
300 гр урда
Оваа смеса се дели на три дела
-Во првиот дел се додава200 гр сецкана шунка
-Во вториот дел се додаваат 2 големи лажици буковец
-Во третиот дел се додаваат 100 гр ореви и 100 гр сусам
Во долг ребраст калап намачкан со мајонез се реди
прво смесата со буковец,
втора со шунка
и на крај со ореви и сусам

ФРАНЦУСКА САЛАТА

1/2 кг сирење (гмечено)
1/2 кг шункова салама (сецкана)
200-300 гр толчени ореви
400-500 гр павлака
100 гр мајонез
1 лажица сенф
3-4 чешниња лук

БЕЛА САЛАТА

-се става во длабока чинија:
-ред варен рендан компир
- ред мајонез,
- ред рендани јајца варени,
- ред рендана салама
Ова се повторува додека има материјал.

II начин:

3-4 компири варени
4 јајца варени,
кисели краставички,
кашкавал,
мајонез,
павлака.
Се прави во слоеви:
-рендан компир да го покрие дното,
-се мачка павлака без гмечење,
- се ренда 1 јајце по цела површина,
-се мачка со мајонез,
-се ренда кашкавал,
-се рендаат кисели краставички.
Се повторува додека има место и материјал.
На крај рендани кисели краставички што дава впечаток на зелена салата.
Да не се гмечи при подготовка.
Добро изгледа во стаклена или керамичка тава.