Saturday, October 16, 2010

Пинџур

1 кг печен пипер (може и 3 лути),се лупи и толчи па се меша со
3 варени или печени црвени патлиџани,
(Може 1 печен модар патлиџан),
3-4 чешниња лук (толчен)
100 гр врел зејтин.

Со ваква смеса може да се полнат тегли кои се затвораат
и стерилизираат така што се ставаат во тенџере во кое се
 става  вода и се загрева да  вријат околу 1/2 саат,
 а може и во рерна (во тепсија со вода) на потивко да повријат.

Friday, August 6, 2010

Салата Фани

3 јајца варени,
4-5 моркови варени и сецкани,
100-150 гр сирење рендано,
250 гр макарончиња варени,
100 гр толчени ореви,
1 китка магдонос,
1-2 чешниња лук (се толчи со оревите) и
 сол.
Со павлака и мајонез се изедначува.

Резанец

400 гр сол ситна,јодирана за 30 кг сецкана зелка.

Сецкај зелка,реди во буре,посоли со рака,
притисни со шише од пиво на пр. и така
повторувај до крај.

Friday, April 9, 2010

Ќофтиња киснати

300 гр мелено месо (мешано)
3 јајца
4 лажици брашно
1 пециво
1 чаша од кафе кисела вода
1-2 главици кромид
вегета, магдонос,сол црн пипер,лук по желба.

Со мешање на наведените состојки се прави смеса
која се става 2 саати во фрижидер а потоа се црпи со лажичка
и се пржат ќофтиња во врел зејтин.
( излегуваат околу 60 ќофтиња)

Пилешка салата

Се варат 2 пилешки грба, 2 батака
во вода во која се додава сол.Се сецкаат.
Се додава 2 тегли сецкани печурки шампињони ,
малку мајонез и повеќе павлака,бибер  или слично.

Салата со ориз

600 гр ориз се вари така што се става во зовриена вода
во која има 1 лажица сол и 1 лажица вегета.
Се цеди кога е готов во ситна цедалка ,се мие со ладна вода и убаво се цеди.
Исцедениот ориз се меша со 2-3 варени и сецкани моркови
кои се истискани да немаат многу вода,2 зелени сецкани краставици
кои исто така се истискани да им излезе вишокот течност,
500 гр сецкана салама (пр. птујска-екстра).
Пред да се стави во садови за послужување се меша со
4 лажици мајонез и 600 гр павлака ,сол ,бибер или слично.

Wednesday, March 10, 2010

Салата со варени јајца

I начин

Се меша: ајвар,мајонез,павлака,сол пипер и магдонос.
Се става врз варени јајца кои се пресечени на пола.
Се редат на листови зелена салата или двопек.

II начин

Може да се извадат жолчките и да се помешаат со :
1 лажица путер,2 лажици мајонез,
1 лажица кисела павлака,бибер со лук
да се стави врз белките и да се украси со кругови маслина без семка
(овој фил е за 8 јајца)